top of page

Видови линии

Матеметика еден час во интеграција со Ликовно образование
Цели и очекувани резултати:Да се оспособи да користи различни моливи за добивање на разновидни линии со различна дебелина, интензитети прецизност како и да применува и комбинира различни линии; Да именува и набројува различни видови линии; Да разликува различни видови линии според нивната дебелина и истите ги комбинира.
Воведна активност за загревање обично на нашите часови, ја започнуваме со игра, овој пат, на учениците им изготвив, лавиринт од самолеплива хартијана лента, залепена на под. Играта која ја игравме ја нарековме „Измешани патишта“, а учениците дадоа предлог кои брзо беше прифатен, да имаме натпревар во брзо возење со автомобилчиња по лавиринтот, а останатите ученици беа во улога на бројачи на време, кој прв ќе ја извози неговата избрана патека до целта, многу им беше интересно и самите сакаа да ја повториме играта надвор во училишниот двор, но таму лавиринтот ќе ни биде нацртан со креда.
Следна активност беше изготовка на прави и криви линии со хартија како тенки цилиндри кои можат да се стават на прст, секој требаше да каже каква е таа линија што ја изготвува (Дали е прва или крива линија?), им покажував различни видови линии од разни уметнички дела за да ги воочат нивните разлики, и воедно да дадат нивен опис, потоа цртаа различни видови линии со молив и фломастер според дебелина.
Последната активност ни беше изготвување на 3Д слика со ленти од хартија во боја нивно комбинирање, за да добиеме различни видови на линии со лепење на картон основа.
Автор, одделенски наставник: Нела Слезенкова Никовска
bottom of page